Сорос купил обврзници во Тесла

207

Милијардерот Џорџ Сорос купил удел во производителот на електрични автомобили Тесла на почетокот на годинава.

Сорос фанд менаџмент соопшти дека купила обврзници на компанијата на Елон Маск за 35 милиони долари. Се смета дека Тесла е под сериозен притисок на финансиските пазари поради серијата деловни неуспеси како што се застојот во производството на Моделот 3. Самиот Маск неодамна си ја влоши положбата откако прекина прес конференција поради незгодните прашања, што предизвика пад во вредноста на акциите на Тесла.

Во меѓувреме, швајцарските власти почнаа истрага по несреќните случај во областа Тицино, каде германски државјанин загина минатата недела по судир во неговата Тесла. Возилото се запалило по судирот, и се испитува дали пожарот бил предизвикан од електричната батерија на Теслата Модел С.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...