Сопственикот на Амазон забрзано се подготвува за на Месечината (ВИДЕО)

100

Американскиот милијардер Џеф Безос во Вашингтон го претстави својот нов вселенски апарат што ќе биде испратен на Месечината.

Сопственикот на Амазон изјави дека првична цел е слетување на Јужниот Пол на Месечината, каде што научниците потврдија присуство на мраз. Водата може да се користи за производство на водород, т.е. гориво за натамошни истражувања. Целосно наполнет со гориво, „Блу Мун“ тежи 15 тони, а кога ќе слета, ќе биде околу 3,3 тони полесен.

Леталото со назив „Блу Мун“ (Сина Месечина) ќе може да врши превоз на луѓе и опрема на Месечината не подоцна од 2024 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...