Сопругот сака да ја прогласи Беквалац за луда и неспособна мајка

2410

Споругот на Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ, има пеколен план да ѝ возврати на пејачката која пред еден месец го пријави оти брутално ја претепал.

Како што пишуваат медиумите, тој планира во судска постапка да ја прогласи за луда, како и да ги убеди сите дека всушност таа него го нападнала.

Исто така, Лука сака и да докаже дека Наташа не е способна да се грижи за себе, ниту за бебето, дека е наклонета кон самоповредување и кон хистерични напад.

Како еден од адутите, според пишувањето во медиумите, тој планира да го искористи и тоа што пред неколку години таа посетувала психијатар.

– Тој не ги бира средствата со кои ќе ја уништи Ната. Планира да каже дека таа е немарна и лоша мајка. Се обидува да докаже дека таа како јавна личност нема време да му се посветува на бебето, а тоа не е точно. Наташа пее само за викенди, а преку недела цел ден е бебето – изјавил изворот на српски Информер.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...