Фолк пејачката Елена Велевска вчеравечер на социјалните мрежи откри дека информациите дека се разведува од сопругот Марјан се вистинити.
Таа преку статус потврди дека покренала бракоразводна парница откако неколку години трпела семејно насилство кое станало неподносливо.
Но, бидејќи приказната има две страни, редакцијата на Вистина.мк разговараше со Марјан Мирчески кој во телефонски разговор откри дека исказите на Елена се лага, и дека тие сѐ уште живеат под ист кров.
- Мислам дека самите треба да процените какви комплименти даваше таа претходно за мене, дека јас сум најдобар родител, дека ја разбирам, дека во нејзината професија ретко кој разбира и одеднаш сум станал сега семеен насилник, а семејно насилство е кривично дело. Јас не знам како тоа досега не беше така. Се е тоа лага. Знам дека е покрената бракоразводна парница, немам добиено документи, но бев известен од адвокатот на 27-ми јули. – рече Мирчевски.
Инаку, Елена Велевска и Марјан Мирчески се во брак од 2008 година и имаат три деца.
Марјан пак, од бракот со првата сопруга има возрасни ќерка и син кои живеат во Австралија.