Сопругата на Џејми Оливер проговори за својот живот и разликата помеѓу нејзината и работата на нејзиниот сопруг. Џулс Оливер се грижи за нивните пет деца – Попи (16), Дејзи (15), Питал (9), Бади (7) и Ривер (2).
„Чувствувам дека мојот живот е 10 пати потежок од неговиот, а тоа често му го кажувам и нему. Тој само одмавнува со главата. Еден ден беше на прием кај премиерката, а јас имав ситуација со двете ќерки тинејџерки. Му реков дека мојот живот е потежок од неговиот. Мозокот ти отапува, тешко е. И никој, всушност, дома не те почитува, за разлика од неговата работа. Таму сите го почитуваат и ценат. Знам дека звучи како да ми е грозно, но искрено – навистина е тешко”, рекла Џулс, која со „Голиот готвач” е во брак 18 години. Вели дека е тешко да се распореди времето на петте деца, бидејќи на сите им е подеднакво потребно, а таа не може да постигне на секој да му посвети целосно внимание.
„Тешко е затоа што во текот на неделата многу ретко тој е дома. Од една страна имам две тинејџерки кои имаат проблеми со момчињата и училиштето, а од друга страна внимавам на двегодишниот Ривер, бидејќи се плашам да не падне во градината. Не можам да се поделам на милион делови – рекла Џулс.
Таа вели дека не планирале да имаат толку деца, но и дека не е исклучена можноста да имаат уште едно.
– Во ноември ќе наполнам 44 години, па добро би било да се случи претходно. После 44-тата ќе бидам престара – рекла Џулс.