Сопругата на Шумахер купила нова куќа за 30 милиони евра (ВИДЕО)

356

Корина Шумахер поседот од 5.667 квадратни метри го купила од претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез, објави германскиот „Билд“. Куќата вреди 30 милиони евра.

Раскошната куќа се наоѓа недалеку од Андраткс, а има два базени, голем двор, хелиодром, вила за гости и прекрасен поглед на море. Се претпоставува дека семејството Шумахер вилата ќе ја користи за одмор со оглед дека немаат намери да ја напуштат Швајцарија.

Семејството Шумахер се обидува да ја сочува приватноста по несреќата која седумкратниот првак на Формула 1 ја доживеа во декември 2013 година. Нивната борба за закрепнувањето на Михаел трае непрекинато и тие максимално се посветиле на неговото заздравување. Пред несреќата Михаел и Корина со години летувале на Мајорка.

Перез вилата ја купил пред 13 години за 24,6 милиони евра и во неа бил до 2012 година кога починала неговата сопруга Мари. Како изгледа ова вила можете да погледнете во видеото:

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...