Атрактивната манекенка Тина Кунаки (22), сопругата на францускиот актер Винсент Касел (52), позирала бремена и сосема гола за насловната на магазинот „Фото“. Само градите ги покрила со рацете. Фотографијата од насловната ја споделила со своите фанови кои биле воодушевени.
Дека ова не е првпат убавата Тина да го покажува трудничкиот стомак покажуваат и нејзините останати фотографии кои ги споделува на социјалните мрежи.
Со ова позирање им се придружи на групата познати трудници кои се фотографираа без облека за разни магазини. Деми Мур, Бритни Спирс, Клаудија Шифер, па и поранешната сопруга на Винсент Касел, Моника Белучи се само некои од нив.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин