„Сон Верба љубов“ – целовечерен концерт на Дуке Бојаџиев

275

Еден од најистакантите македонски композитори, Дуке Бојаџиев, кој долги години живее и работи во Њујорк, по две години повторно ќе настапи пред македонската публика со два концерти во Скопје на 11 и 12 мај во новиот објект на Македонската филхармонија.

Коцертниот настап ќе биде реализиран во соработка со Министерството за Култура и „3Гонга”. Во рамките на целовечерниот концерт насловен „ Сон верба љубов“, Бојаџиев ќе настапи со авторски материјал освежен со нови нумери од албумското издание Сон-Верба-Љубов, како и дел од неговото поново филмско творештво.

Дуке (пијано и вокал) ќе настапи со тим од врвни музичари. Покрај него, специјален гостин ќе биде Тијана Дапчевиќ, актерката Наташа Петровиќ – вокал и нарација, на кларинет Исмаил Лумановски, Костас Анастасиадис на тапани, Мартин Ѓаконовски на контрабас и стринг квартетот во состав: Владимир Крстев како виолина 1, Маја Ефремова Шеќерова како виолина 2, Марко Виденовиќ на виола и Марија Михајловска на виолончело.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...