Меѓународна група астрономи вели дека има цврсти индикации за постоење на деветта планета во Сончевиот Систем, објави порталот „Саенс Алерт“.
Објектот првично наречен „2015 БП-519“ се наоѓа зад Нептун, т.е. вон неговата орбита и е на растојание 55 астрономски единици. Една астрономска единица го означува просечното растојание меѓу Земјата и Сонцето. Телото е откриено со помош на телескопот „Викторија Бранко” во Чиле во рамки на проектот „Дарк енерџи сурвеј”.
Набљудувањата на „2015 БП-519“, траеле околу три години, и овозможиле да се спознаат одликите на орбитата на новооткриеното вселенско тело. Максималната негова оддалеченост од Сонцето е 450 астрономски единици, а минималната – 36. Ексцентрицитетот на орбитата е 0,92, а наклонот – 54 степени.
– Тоа сепак, сѐ уште не е доказ за постоењето на деветтата планета, Но, би рекол дека ова тело ги засилува аргументите за тоа – смета проф. Дејвид Гердис од Универзитетот на Мичиген.
Пред неколку години, научниците одлучија дека Плутон не е планета, туку џуџеста планета. Така сега, официјално, Сончевиот Систем има осум планети. Според сознанијата, доколку телото е образувано во Сончевиот Систем, неговата орбита е несвојствена во однос на големите планети.