СОНК утре ќе го поддржи штрајкот во културата најавен од СКРМ

124

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) на денешната работна средба со претседателите на синдикалните организации од сите установи од културата донесе одлука за солидарност во штрајкот што за утре го најави Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ).

– Одлуката на СОНК се темели врз основа на оценката на претседателите на сикндикалните организации дека преговорите со Министерството за култура во изминатиов период не вродија со плод, односно не може да се заобиколи фактот дека до денес не е потпишан колективен договор, а уште помалку има сигнали дека се обезбедени материјални средства за негова имплементација од 1 јануари 2020 година, соопшти СОНК.

Додава дека културата е дејност од национален интерес и дека со вложуивање во неа и, особено во човечките ресурси и вработените, се вложува и во опстојувањето на културното наследство на земјава, цврсто се истакнува идентитетот и постоењето на македонската нација.

Предупредувачкиот штрајк кој за утре го најави СКРМ ќе се одвива во установите од културата каде што вработените ќе бидат на работните места, но нема да ги извршуваат обврските.

-Штрајкот е резултат на непотпишување колективен договор за кој преговараме речиси две години и за кој континуирано добивавме ветувања од Владата и Минситерството за култура дека ќе биде потпишан најпрво до крајот на 2018, а потоа до крајот на 2019 година. Вработените во културата се речиси 15 години без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот, соопшти СКРМ кој во октомври организираше и протестен марш „Колективен сега!“. 
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...