Сомнителен пакет пристигна во словенечкото Министерство за надворешни работи

50

Сомнителен пакет утрово пристигнал во Министерството за надворешни работи на Словенија. Веднаш е повикана полиција. За каков точно пакет се работи и што има внатре се уште е непознато, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Веста за пристигнувањето на пакет официјално ја потврдија од Министерството кое го води Миро Церар. Според тоа што може да се види на терен, поголем број полицајци и пожарникари се распоредени во непосредна близина на објектот, а можат да се забележат и службени лица облечени во заштитни униформи со боци за кислород.

Полицијата најави повеќе информации во текот на денот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...