Германската полиција по апсењето на сомнителен маж соопшти дека нема опасност за луѓето на берлинскиот аеродром „Шенефелд“.
– Во овој момент нема опасност по луѓето на аеродромот „Шенефелд“, објави полицијата на Твитер.
Елекот што го носеше приведениот е испратен на испитување.
Но, се уште не е познат идентитетот на приведениот маж.
Полицијата беше алармирана откако на паркингот на аеродромот „Шенефелд“ беше забележан маж со голем багаж, облечен во елек од кој висат жици.
– Забележан е маж кој носи елек од кој висат жици. Исто така тој носи и голем багаж. Специјалните единиците почнаа истрага. Поради тоа затворени се паркингот, алпската куќа и подвозникот – објави германската полиција на Твитер.