Руското знаме накратко се развиори од скелето на катедралата во Солсбери, британски град каде, пред речиси една година, двојниот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени со нервен гас „новичок“.
Знамето било симнато од скелето. Локалните власти го осудија овој потег.
Претставникот на Солсбери во Парламентот, Џон Глен, рече дека со таков „глупав трик” се исмеваат сериозни настани во тој град.
Локалната полиција соопшти дека е запознаена со поставувањето на знамето во Солсбери, но нагласи дека тоа не спаѓа во нејзина надлежност.
Скрипал и неговата ќерка го преживеаја труењето со новичок во март 2018 година, а британските власти ја обвинија руската воена разузнавачка служба за труење на Скрипал, што Москва енергично го негираше.