Во морето апликации и платформи за спојување и пронаоѓање на сродни души, се појави уште една за која би требало да знаете. Таа е малку поинаква од сите останати.
Станува збор за „refrigerdating“ и ја осмислил Самсунг, а концептот е таков што корисниците разменуваат фотографии од содржината на своите фрижидери.
Да, да, добро прочитавте.
Имено, творците на оваа платформа тврдат дека сликата од содржината на фрижидерот е нешто со чија помош би можеле најдобро да ја прикажете својата личност и да покажете што ви значи во животот, а што не, но и да дојдете до блискост, особено ако се водите од она дека љубовта поминува низ желудникот. Исто така, при создавањето на оваа мрежаавторите нагласиле и дека сметаат дека е кујната една од најважните простории за односот на двајца луѓе.
Како изгледа самиот концепт на „refrigerdating“ прочитајте на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey