Холивудскиот режисер познат по филмскиот хит „Единаесеттемина на Оушн“ Стивен Содерберг работи на својот следен проект – филм за случајот со документите од Панама.
Станува збор за објавувањето на 11,5 милиони доверливи документи поврзани со панамска правна фирма Мосак Фонсека, кои протекоа во јавноста, и говорат за познати светски бизнисмени, политичари, но и криминалци кои чувале пари во оваа средноамериканска земја, со цел да избегнат повисоки даноци во своите држави, или заради „перење пари“. Скандалот изби во 2015 година, и како последица на тоа премиерот на Исланд поднесе оставка, а неколку локални нарко-шефови беа уапсени.
Сценариото е на Скот Брнс, и е засновано на книга на писателот Џејк Бернстеин.
Филмскиот проект има работен наслов „Laundromat“ (машина за перење пари), и сѐ уште е во претпродукција.