Совршени француски еклери „меид ин“ Македонија

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние беше воодушевен од вкусот на француските еклери кои од денеска се на менито во кафулето Coffee factory.

495

Денеска во кафулето Coffee Factory во пријатна и непосредна атмосфера беа промовирани  повеќе видови на француски еклери, кои се направени според оригинална рецептура и кои понатаму ќе бидат составен дел од менито. Меѓу поканетите гости од јавната сцена кај нас и медиумите  на промоцијата присуствуваше и францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние.

Во одлично расположение и воодушевен од големиот избор на француски еклери, кои од денеска ќе бидат на менито на ова кафуле, тој изјави:

„Прекрасно е што во Скопје конечно може да се најде ваков голем избор на француски еклери. Изгледаат толку привлечно што незнам што прво да пробам. Но знам дека ќе се вратам уште неколку пати додека не ги испробам сите видови на француски еклери“.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...