Советот за електронски медиуми на Бугарија ја прифати оставката на генералниот директор на БНТ

52

Советот за електронски медиуми на Бугарија денеска ја прифати оставката на Константин Каменаров од функцијата генерален директор на Бугарската Национална Телевизија (БНТ).

За привремен вршител на должност директор на БНТ е избран програмскиот директор на БНТ1 Емил Кошлуков.

Советот ја прифати и оставката на Валери Запрјанов, кој е член на Управниот совет на БНТ. Тој поднел оставка во исто време како и Каменаров.

На почетокот од неделава Каменаров беше прогласен за виновен по обвинение дека возел со 1,6 промили алкохол во крвта. Казненото дело го извршил доцна навечер во јуни 2016 година.

Софискиот градски суд во целост ја потврди пресудата на Реонскиот суд, со што пресудата е конечна и против неа не може да се поднесе жалба. Така, во сила влегува казна од една година и три месеци „лишување од слобода“  со три години условно, и парична казна од 600 лева (306 евра).

Поради ова, Каменаров е должен да си замине од функцијата генерален директор на БНТ, затоа што според закон, членовите на управата на националната телевизија не можат да бидат осудувани, без разлика дали станува збор за ефективна или условна казна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...