Советници за воспитување на деца без мобилни телефони и таблети

Во Америка се појави нов тренд во воспитувањето на децата, а тоа се советниците кои родителите ги вработуваат за да ги научат како семејството да функционира без мобилни телефони, таблети и компјутери.

166

Една неодамнешна статија во Њујорк Тајмс, пишува за новиот тренд што се случува во САД, а некои од водечките советници истакнуваат дека не е тешко да се води живот без екрани и дека е тоа лесно да се спроведе, а потребно е само да се занимаваат со работи кои не вклучуваат користење на мобилни телефони, телевизори или социјални мрежи.

„Гледате некаде топка? Фрлете ја топката“, вели семејната советничка и специјалис за однесување на децата Ронда Московиц, додавајќи: „Шутнете ја топката!“

Не постои сомнеж дека времето поминато пред екранот има негативно влијание врз децата и возрасните, пишува Scary Mommy. Имало голем број на студии за тоа како времето поминато пред екраните ѝ штети на способноста на децата да спијат, што доведе до одложување на говорот и ги лишува децата од способноста да се дружат. Во исто време, објавени се еден куп книги и апликации за да се ограничат или целосно да се елиминираат екраните во животот на семејствата, иако многумина наведуваат дека нивните деца знаат да бидат лути кога ќе се обидат да им ја исклучат омилената игра или дека е невозможно да се спречат децата да испратат стотина пораки дневно.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...