Советник на Ердоган: Грција ќе доживее катастрофа ако завојува со Турција

588

Доколку Грција започне конфликт со Турција ќе доживее катастрофа за три до четири часа, изјави денеска Јигит Булут, советник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Тоа би било како мушичка да се степа со џин – изјави Булут за турска локална телевизија.

Претходно, Турција ја критикуваше Атина поради одлуката да пресретне турски истражувачки брод со воена фрегата. Турската морнарица тогаш реагираше и наводно тргнала во заштита на бродот, што доведе до нов дипломатски спор меѓу двете земји.

Како што пренесуваат турските медиуми, Булут важи за контроверзна личност во турската политика. Тој беше именуван за советник на Ердоган во 2013 година, а потоа стана негов главен економски советник. Во 2015 година тој изјави дека е „подготвен да умре“ за Ердоган.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...