Советникот за внатрешна безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп Том Босерт денеска поднесе оставка.
Ова го соопшти портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.
– Претседателот му е благодарен на Том за неговата посветеност на безбедноста и сигурноста на нашата голема држава. Том ги предводеше напорите на Белата куќа со цел заштита на нацијата од терористички закани, да се зајакне нашата кибер одбрана и да се одговори на посебната серија природни катастрофи – рече Сандерс.