Собрани над 14 милијарди долари за борба против СИДА, туберколоза и маларија

70

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека на конференцијата за Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија се собрани повеќе од 14 милијарди американски долари за следните три години.

Првично, собраните средства беа 13,92 милијарди американски долари. Макрон, кој е домаќин на меѓународна конференција во францускиот град Лион, сепак, вети дека ќе продолжи да работи кон целта од 14 милијарди американски долари што организацијата ја постави откако собра 12,2 милијарди долари на претходната конференција во 2016 година.

На дводневниот форум учествуваа 12 шефови на држави или влади, главно од африканските земји.

Американскиот Конгрес одобри вкупно 4,68 милијарди долари во текот на следните три години. Вашингтон и Париз се најголемите донатори.

ФОТО: EPA-MICHEL-EULER-POOL

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...