Собранието утвреди потреба за донесување на измени на Законот за исплата на платите по скратена постапка со кој се овозможува буџетарите да ги зголемат платите за 5 отсто започнувајќи со исплатата за септември 2019 година.
Законодавна и
Измените ги предлагаатпратениците Јован Митрески, Ејуп Алими, Мерал Узеири-Ферати, Неџбедин Каремани, Мирослав Јовановиќ, Јусуф Хасани и Јагода Шахпаска.
Пратеникот Јован Митревски образложи дека покачувањето за 5 отсто на платите во јавниот сектор ќе ги опфати буџетските корисници.
– Со оглед на тоа што не станува збор за сложен и обемен закон, предлагаме да биде донесен по скратена постапка – рече Митревски.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ги задолжи претседателите на две собраниски тела – Комисијата за труд и социјална политика, како матична, и Законодавно-правната комисија, да одржат седници за да го разгледаат и да се произнесат за предлогот.