Соборен рекордот за најскапо платено дело на жив уметник

132
ФОТО: МИА

Скулптурата „Зајак“ на уметникот Џеф Кунс е продадена на аукција за 91 милион долари, со што е соборен рекордот за најскапо платено дело на жив уметник.

Скулптурата е направена од не’рѓосувачки челик, висока е нешто повеќе од еден метар, а ги надмина сите проценки на аукциската куќа Кристи. Со тоа е соборен рекордот којшто пред шест месеци го постави сликата на Дејвид Хокни – „Портрет на уметникот (базен со две фигури)“, која е продадена за 90,3 милиони долари, исто така на наддавање во Кристи во Њујорк.

Аукцијата траеше нешто повеќе од десет минути. Победничката понуда изнесуваше 80 милиони долари, но заедно со аукциската такса, сликата ќе чини 91 милион долари.

Кунс претходно го држеше рекордот за најскапо продадено уметничко дело на жив уметник. Во 2013 година неговата портокалова скулптура „Куче од балон“ е продадена за 58,4 милиони долари.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...