Раперот Снуп Дог доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните.
На свеченоста беа присутни членови на неговото семејство, како и многу пријатели и соработници на раперот, а модератор на настанот беше комичарот Џими Кимел.
По заблагодарувањето кон семејството и колегите, Дог си се заблагодари и себеси.
– Би сакал да си се заблагодарам себеси, оти верував во себе и напорно работев – нагласи раперот во својот говор.
Снуп Дог се појави на рап сцената во раните деведесетти и досега има издадено 16 албуми, а се појави и во неколку филмови.
ФОТО: МИА