Обраќајки се преку видео линк од Москва, поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден порача дека претседателот на САД, Доналд Трамп, никого на светот не сака повеќе од рускиот претседател, Владимир Путин.
Според Сноуден, Американците не треба да очекуваат дека специјалниот обвинител Роберт Малер, кој истражува можно руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, ќе го „разоткрие” Трамп дека соработува со Кремљ.
Поранешниот соработник на НСА верува дека Трамп не е тип на човек, кој Путин може да го искористи.
– Да бидам искрен, секој кој го слушнал Трамп како зборува три минути, знае дека тој е „крш“. Човекот не може да се сети што сакал да каже на крајот на реченицата – смета Сноуден.
Меѓутоа, како што вели, тоа не значи дека Трамп не сака да соработува или да направи што било за да се здобие со предност.
Сноуден верува дека времињата се менуваат кон полошо, а можат да се променат кон подобро ако се организираат повеќе добри луѓе.
– Верувам дека светот може да биде подобар. Верувам дека треба да биде подобар, а тоа нема да се случи додека ние него направиме таков. Ова бара ризик, многу работа, а на крајот можеби ќе бара и жртва – рече Сноуден во обраќање