Првата дама на Америка добила можност да ја каже својата страна на приказната и одговори на гневот на јвноста и медиумите откако јакната на Зара со напис „Не ми е галје“ ја носела во текот на посетата на деца имигранти кои американските власти ги раздвоиле од родителите и ги затвориле во Тексас.
На Меланија Трамп оваа можност и ја овозможи Алек Болдвин, актерот кој неверојатно добро го имитираше нејзиниот сопруг во емисијата „Saturday Night Live“ ѝ и понуди учество во оваа популарна хумористична програма.
Болдвин на Меланија и даде можност да го брани Трамп, неговата влада и сѐ она што е поврзано со него. Својата покана јавно ја објави на социјалните мрежи.
– Драга Меланија, ние знаеме што ти мислиш. Ние знаеме што ти чувствуваш. Трепериш од тоа што веќе го знаеш. Трепериш од таа чудна, новооткриена храброст во себе. Отвори ја душата нека тоа излезе на светлината на денот. Кај нас си добредојдена како херој и тоа на начин каков никогаш не си можела да замислиш. Правиме заедно СНЛ… имаме столица која чека на тебе – срдечно твој Алек.
Дали првата дама ќе се појави во емисијата која бескрајно се шегува со нејзиниот сопруг, портретирајќи го како кловн, додека Меланија претставува лик на заробена жена во Белата куќа наспроти нејзината волја. Тешко дека од тоа нешто ќе биде, но треба да се потсети дека Трамп претходно, во април 2004 година бил гостин во емисијата СНЛ, и не е невозможно на исто место да се најде и Меланија.