Сништа за пишување заробени во кујнските ѕидови

Елајза Лесли е авторка на најпознатата книга на рецепти за колачи и торти во 19.век. Интересно е дека во нејзиниот „готвач“ од 1828.година првпат се употребува терминот капкејк (cup cake), кој настанал благодарение на најчесто користената алатка за мерење на состојки во кујната на Елајза – шолјичката за чај (teacup).

140

Можеби никогаш немала своја кујна, но тоа не ја спречило Американката Елајза Лесли својата интелигенција и талент за пишување да ги спои со она на што ја принудиле животните околности – со готвењето. Така настанала една од најпознатите и најстарите книги за слаткари.

Сакала да биде писател, а да не била таа, американските рецепти за торти и колачи сигурно би изгледале поинаку отколку што изгледаат денес. Елајза Лесли е авторка на најпознатата книга со рецепти за торти и колачи од 19.век.

Наспроти фактот дека никогаш не била професионална готвачка, деветте книги со рецепти кои ги напишала Елајза Лесли оставиле значајна трага во американската историја и општество. Покрај рецептите авторка е и на влијателната книга „Прирачник за дами со перфектна отменост и совршени манири“, како и на дела од областа на локалниот менаџмент.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Фото: Wikimedia commons

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...