Снимка на „Битлси“ стара над 50 години пронајдена во Мексико

105

Ретка видеоснимка од настап на „Битлси“ во живо на ТВ емисија на Би-Би-Си, која трае 11 секунди, е пронајдена во приватен дом во Мексико.

– За љубителите на „Битлс“, ова е „свет грал“. Мислевме дека снимката е загубена засекогаш, оти не е сочувана видеокасетата од 1966 година. Неверојатно е што ја пронајдовме по толку години – изјави Крис Пери, претставник на Би-Би-Си.

Синмката без звук, е досега единствена таква и е направена 1966 година. Не се работи за оригинална лента, туку за видеоснимка на гледач од Ливерпул, кој го снимал својот телевизор со камера. Потоа таа завршила кај колекционерот од Мексико.

Повторно откриената снимка ќе биде прикажана во рамки на програмата „Музика за која се веруваше дека исчезнала“ на 20 април, заедно со епизода на „Топ оф д Попс“ од 1969, каде „Битлси“ го промовираат видеоспотот за песната „Something“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...