Десет лица се повредени денеска во нов напад во вториот по големина град во Индонезија, Сурабаја.
Нападот бил извршен врз локалното седиште на полиција, од страна на маж и жена кои се движеле со мотоцикл-бомба.
Во инцидентот се повредени четворица полицајци и шестмина цивили.
Снимките од безбедносните камери покажуваат како двајца полицајци го запираат мотоциклот со мажот и жената на влезот во објектот, по што бомбата експлодира. Според непотврдени информации, со двајцата напаѓачи имало и дете.
Нападот се случува еден ден откако шестмина бомбаши-самоубијци нападнаа три цркви во истиот град. Во нападите загинаа напаѓачите и осум други лица. Повредени беа околу 40 лица.
Одговорноста за нападите врз црквите ја презеде терористичката организација Исламска држава.
Локалната полиција вчера уби осомничен исламист по експлозија во неговиот стан во Сурабаја, во која загинаа неговата сопруга и едно од децата. По експоплозијата полицијата дошла на лице место и влегла во станот, каде го нашла осомничениот исламист со детонатор во рака. Тогаш тој бил застрелан.
Претседателот на Индонезија Џоко Викодо, ја осуди серијата напади во Сурабаја, која тој ја нарече „дела на одвратност и кукавичлук“ и вети дека брзо ќе биде усвоен нов закон за борба против тероризмот со цел справување со исламистичките организации во земјата.
ФОТО: твитер
UPDATE:
Death toll from bomb attack on police HQ in Indonesia's Surabaya city rises to 13 pic.twitter.com/G9lKwNEGMs— Press TV (@PressTV) May 14, 2018