Снимено како гром удира во дете ВИДЕО

4136

Дете кое преживеало удар од гром го опишало необичното искуство.
Тринаесетгодишното момче шетало со пријате во парк и во раката носело скејт кога го удрило гром. На снимката од надзорната камера јасно се гледа дека тинејџерот прво бил облеан од светлина, потоа бил отфрлен во воздух, а потоа паднал на глава и останал да лежи неподвижен.

Ударот не оставил никакви трауми на детето, кое сосема опуштено зборува за тоа како е кога ќе те погоди гром.

Тој вели дека се сеќава само на силен бран на топлина.
– Почувствував топлина на телото, но ништо посебно и тогаш затемнување. На ништо не се сеќавам – рекло момчето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...