Снежна бура го погоди Средниот Запад на САД

64

Американскиот Среден Запад е погоден од снежна бура проследена со исклучително ниски температури, поради што не работат училиштата и повеќе фирми.

Во сојузните држави Минесота и Висконсин наставата е во прекин од вчера, а не работат ниту федералните и локалните служби и повеќе фирми, бидејќи беа најавени поларни температури од минус 54 Целзиусови степени, придружени со силни ветрови.

Стотици летови се откажани и на двата аеродрома во Чикаго.

Метеоролозите предвидуваат дека студената воздушна маса, позната како „поларен вртлог“, која кршнала од вообичаената патека, да се задржи на тоа подрачје до четврток.

Ова не е првпат регионот на Големите Езера и северните држави на Средниот Запад да биде погоден од вакви екстремни студови, за што придонесува рамничарскиот терен и недостиг на високи планински масиви, што им овозможува слободно движење на поларните воздушни маси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...