Интензивните снежни врнежи во францускиот регион Оверњ-Рон-Алп и соседните региони, јужно и западно од Лион, предизвикувајќи хаос во сообраќајот и оставајќи без струка речиси 200 илјади домаќинства.
Во одредени градови и села формирана е снежна прекривка од околу 40 сантиметри, а телевизиските снимки прикажуваат стотици возила како стојат поради неочекуваните врнежи. Во текот на ноќта беа блокирани околу 900 камиони, а неколку стотина возачи ги напуштија возилата во потрага по безбедно преноќиште.
Машините за чистење снег се на патиштата, а француската електродистрибуција се обидува да воспостави нормално напојување со струја.