Околу 145.000 луѓе сѐ уште се без струја во југоисточна Франција по првите поголеми снежни врнежи, соопшти компанијата дистрибутер на електрична енергија.
Невремето во четвртокот вечерта ја погоди источна и централна Франција и извесен период повеќе од 330.000 домови останале без електрична енергија.
Неколку патишта се затворени поради обилниот снег и мраз, а училиштата и понатаму се затворени во некои области.