Смртоносно трио: Овие три работи се најчестите причини за рана смрт!

Луѓето со хипертензија, оние кои имаат стрес на работа имаат два пати поголем ризик од умирање од кардиоваскуларни болести.

2531
Cropped shot of an unrecognizable woman holding an SOS sign in front of her private parts

Стресот на работа, лошиот сон и високиот крвен притисок може да бидат рецепт за рана смрт, известуваат германските истражувачи.

Во истражувањето учествувале неколку работници со висок крвен притисок кои биле следени речиси 18 години, а оние што изјавиле дека имаат стресна работа и лош сон се изложени на три пати поголема веројатност дека ќе умрат од срцеви болести за разлика од оние кои добро спиеле и кои немале проблеми на работа, откриле истражувачите.

„Дури 50 отсто од возрасните имаат висок крвен притисок. Тоа е главниот фактор за ризик од срцев удар, мозочен удар, застој на срцето, болести на бубрезите и прерана кардиоваскуларна смрт. Бројни истражувања откриле поврзаност помеѓу зголемениот стрес на работа и подоцнежниот ризик од кардиоваскуларни заболувања. Нарушувањата на сонот исто така се поврзани со зголемен ризик“, изјавил доктор Грег Фонарои, професор по кардиологија.

Во новото истражување, истражувачите дошле до заклучок дека меѓу луѓето со хипертензија, оние кои имале стрес на работа имале два пати поголем ризик од умирање од кардиоваскуларни болести, како и оние кои изјавиле дека имаат само лош сон. Според авторот на истражувањето, доктор Карл Хајнц Ладвиг, спиењето би требало да биде време за одмор и враќање на енергијата. Доколку имате стрес на работа, сонот ви помага да заздравите.

„За жал, лошиот сон и стресот на работа често одат рака под рака, а во комбинација со хипертензија, ефектите се уште попогубни“, додал докторот во изјавата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...