Смртно болна водителка на Би-би-си пишува книга за синот

Се надевам дека оваа книга ќе му помогне низ животот – изјавила Рејчел Бленд.

180

Рејчел Бленд, водителка од Би-би-си, дознала дека боледува од рак на дојка во ноември 2016 година и оттогаш стана инспиративна приказна за многу луѓе. Но, минатиот месец добила поразителна прогноза од лекарите.

Во август на Рејчел и соопштиле дека заради зголемување на вредноста на ензимите не може да учествува во клинички експерименти за нов лек, што значи дека за жал, како што и било објаснето, нејзините денови се изброени.

– Со зборовите на легендарниот Френк Синатра – се плашам дека отчука мојот час, пријатели. Така ненадејно. Ми рекоа дека имам само неколку дена живот. Се е надреално и им се заблагодарувам на сите за поддршката што ми ја пружија – порачала водителката на Твитер.

Рејчел по сознанието дека нејзината болест е во неизлечива фаза, најголем дел од времето го посветува на својот син, се со цел да му остави спомени од себе.

Водителката во моментов работи на книга за своето дете, која, како што рекла, е исполнета со детали од нејзиниот живот што нејзиниот сопруг не ги знае и не би можел еден ден да му ги раскаже.

– Во книгата се наоѓаат сите совети и приказни што би му ги раскажувала на синот додека расте, но сега тоа нема да можам да го направам во живо. Се надевам дека оваа книга ќе му помогне низ животот – изјавила Рејчел Бленд.

Четириестгодишната Рејчел со својот сопруг Стив го имаат тригодишниот Фреди. Книгата што му ја остава е насловена „За Фреди“.

– Ако ги ослободев сите чувства за тоа што го оставам Фреди, нема да можев да уживам во времето што ми останува на овој свет. Ја прифаќам секоја прегратка, гушкање и она „те сакам мамо“ обидувајќи се да не му покажам дека ми се крши срцето. Главниот план ми е да ја напишам книгата. Таа е збирка од стории какви што ви кажуваат родителите низ годините, од нивна гледна точка, совети. Ќе му оставам и подароци што ќе може да ги отвора на неговите родендени од 4 до 21 година – одлучила Рејчел.

Радио ѕвездата Рејчел Бленд својата борба со ракот ја документира и на блогот „Големо Р, мала јас“, а водеше и радио-емисија посветена на својата борба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...