Судот во Индонезија денеска го осуди на смртна казна радикалниот свештеник Аман Абдурахман бидејќи им наредил на екстремистите да извршуваат напади во земјата, меѓу кои и самоубиствениот бомбашки напад во едно кафуле од синџирот „Страбакс“ во јануари 2016 година.
Според полицијата и Обвинителството Абдурахман е главен идеолог на екстремистите од Исламска држава во Индонезија, најголемата муслиманска држава во светот.
Неколку стотина полицајци го обезбедуваа судот во Џакарта, каде е изречена пресудата за Абдурахман.
Во Индонезија е зголемен стравот од напади по минатомесечниот самоубиствен бомбашки напад во Сурабај, втор град по големина во Индонезија. Нападот беше извршен од семејства заедно со нивните деца.
Полицијата наведе дека нападот е организиран од мрежа екстремисти инспирирана од Абдурахман.
ФОТО: Твитер