Поранешниот градоначалник на Техеран и еден од потпретседателите на Иран, Али Наџафи е осуден на смртна казна поради убиство на сопругата и има право на жалба во следните 20 дена.
Тој е прогласен виновен поради убиство со огнено оружје на својата сопруга Митре Остад. Притворен е во мај, откако сам се пријавил в полиција и го признал убиството.
Наџафи поднесе оставка на градоначалничката функција во 2018 година поради критиките врз него бидејќи присуствувал на танц на девојчиња во школска програма.
Убиство со огнено оружје е многу редок случај во Иран, посебно меѓу припадниците на политичката и бизнис елитата.