Смрдеата во Скопјанка била од искористени мелни пелени

1191

Амонијак поттикнат од големо количество валкани мелни пелени во еден од становите во зграда во ТЦ Скопјанка во Аеродром ја предизвикале лошата миризба и реакцијата кај станарите. Според првичните информации, во станот живееле две жени, од кои едната на возраст од околу 90 години.

Ова го утврдила специјална екипа на АРМ која дури по пет часа откако станарите беа евакуирани пристигнала до зградата со специјална опрема, а го потврди и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Службите ќе го исчистат станот од којшто произлегла миризбата на амонијак и ќе ја дезинфицираат целата зграда. Градоначаникот Шилегов кој вечерва беше на местото рече дека социјалните служби се известени за двете жени кои што живеат во станот и ќе преземат мерки за да им помогнат.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Звонко Томески рече дека службата добила телефонска дојава од граѓаните за лоша миризба што се ширела во ходниците од влезот на зградата во Аеродром, па одма испратиле екипа со пет пожарникари. Тие ги евакуирале луѓето со заштитни маски.

– Миризбата што ја почувствувале граѓаните го иритира грлото и пречи на дишењето и беше неопходно станарите да се евакуираат на безбедно -изјави Томевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...