Смена на дирeкторските позиции во Стопанска банка – Скопје

Бојан Стојаноски во Управниот одбор ќе го заземе местото на Тони Стојановски кој со одлука на Надзорниот одбор на Банката повторно е именуван за член на Управниот одбор, но сега ќе биде генерален директор за корпоративно банкарство на Стопанска банка. 

4165

Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје го именува Бојан Стојаноски за член на Управниот одбор со мандат на генерален директор за управување со ризици на банката, објави банката на Македонска берза.

Бојан Стојаноски во Управниот одбор ќе го заземе местото на Тони Стојановски кој со одлука на Надзорниот одбор на Банката повторно е именуван за член на Управниот одбор, но сега ќе биде генерален директор за корпоративно банкарство на Стопанска банка.

Мандатот на членовите на Управниот одбор на Стопанска банка – Скопје е четири години.

Во Управниот одбор на Банката покрај нив членуваат и Диомидис Николетопулос кој е генерален извршен директор и претседател на Управен одбор и Милица Чапаровска – Јовановска која е генерален директор за банкарство на мало.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...