Случка што ја потресе Црна Гора, замена на бебиња во болница во Подгорица

Кога стигнале дома, мајката на рачето на девојчето забележала дека бројот на нараквиците не се совпаѓа со нејзиниот.

142

Во породилното одделение на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) се случи несекојдневна ситуација – мајка била отпуштена со туѓо бебе.

КЦЦГ соопшти дека во иднина при отпустот, покрај мајката, ќе присуствуваат уште три лица од клиниката – неонатолог и две медицински сестри.

Прв што забележал нешто необично бил таткото, кој видел дека бебето е многу поситно. Кога стигнале дома, мајката на рачето на девојчето забележала дека бројот на нараквиците не се совпаѓа со нејзиниот. Потоа, веднаш се вратиле во болницата, па проблемот е надминат.

КЦЦГ го потврдија случајот. Против одговорните медицински сестри е покрената дисциплинска постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...