Само две недели по мажењето на Меган Маркл за принцот Хари, нејзиниот поранешен сопруг продуцентот Тревор Енгелсон објави дека ја запросил својата девојка Трејси Курланд. Како што пишува „ЈуЕс Викли“ венчавката ќе биде наесен.
Според пишувањето на американскиот таблоид, 41-годишниот продуцент ја запросил по три години врска својата девојка.
На колена паднал во калифорниската Напа, а тој сето тоа го објавил на својот профил на Инстаграм во петокот.
„Најсреќниот тип којшто го знам. Подготвен за славење“, напишал покрај фотографијата на која се тие двајца, а на рацете на Трејси блеска дијамантски прстен.
Тревор и Меган биле во врска шест години, а се венчале во 2011 година на Јамајка.
Бракот не потрајал ниту две години, а како причина за разводот навеле непомирливи разлики.
Според пишувањето на таблоидот Меган одлуката за развод ја донела додека ја снимала серијата „Костум“, а преку пошта му ја испратила бурмата.