Индиски слон од циркусот „Крон“ во германскиот град Oснабрик за време на претставата „отстапи од сценариото“ и со глава удри во друг слон, при што го турна во публиката.
Инцидентот предизвика шок меѓу присутните, а едно лице се здоби со неколку помали гребнатини.
Циркусот соопшти дека станува збор за несреќен случај и дека сите вклучително и повреденото лице останале да ја догледаат претставата до крај.
Несреќата се случила за време на точката во која три слона биле јавани од циркуски акробати.
Во врска со овој случај реагираше здружението за заштита на животните ПЕТА, кое оцени дека дивите животни не можат да бидат адекватно згрижени во циркусите и дека треба да се воведе забрана за нивно држење во несоодветни услови.