Просечната нето плата во Словенија изнесува 1.133 евра, што претставува пораст од 3,7 отсто во споредба со минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, платите во приватниот сектор пораснале за 3,9 отсто. Уште поголем раст има во јавниот сектор, каде во 2019 година тие биле повисоки за 5,4 отсто во споредба со минатата.
Според Државниот завод за статистика, најголем раст и најголеми плати имаат вработените во енергетскиот сектор, каде просечната плата изнесува 2628 евра.