Словенско младинско гледалишче на МОТ со перформанс од девет часа

Овогодинешното издание е закажано од 13 до 21 септември, и во девет вечери ќе гостуваат петнаесет врвни театарски продукции, на шест сцени во Скопје и една во Велес.

146

Со огромно задоволство ви ја најавуваме програмата на 44 – от Млад Отворен Театар 2019 – МОТ. Овогодинешното издание е закажано од 13 до 21 септември, и во девет вечери ќе гостуваат петнаесет врвни театарски продукции, на шест сцени во Скопје и една во Велес.
Отворањето е во рацете на проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ – добитник на најпрестижната награда – „Златна Трига“ на 14-то Прашко Квардиенале за дизајн во сферата на перформанс, сценографија и театарска архитектура. 

Покрај претставата за отворање, МОТ со задоволство го најавува гостувањето на  Словенско младинско гледалишче и „Сѐ уште без наслов“ на генијалниот Томи Јанежиќ, театарско искуство во времетраење од девет часа. 

Во рамките на придружната програма на фестивалот ќе настапи култниот бенд „Шумски“ од Хрватска и номинираните за Греми, „кумови“ на алтернативното кабаре – „The Tiger Lillies“ со едно посебно шоу, со кое слават 30 години во бизнисот. Покрај двата концерти, следува и работилница за специфична локација – „Оди и види“ во Железничката зграда, потоа предавање и дискусија со Мајк ван Гран во Кино Култура и промоција на книгата „Анамнезис: Дијалози на уметноста во јавен простор“ од Сандра Ускоковиќ во МКЦ.

Програмата ќе ја следите во Национална опера и балет, Кино Култура, Железничка зграда, Театар Комедија, сала Фросина – МКЦ, Дансин сала – МКЦ и Драмски театар и една во Велес – Театар Јордан Хаџи Констатинов Џинот.

Продажбата на билети за програмата на 44 – от МОТ 2019 започнува од четврток, 5 септември, по 12 часот на билетарницата во МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk

Цената на билетите за сите претстави до 12 септември е 200 денари.

* За „Сѐ уште без наслов“ билетите ќе чинат 500 денари, а за „The Tiger Lillies“ билети по 350 ден.

Од 13 септември, билетите за сите претстави ќе чинат 300 денари.

* За „The Tiger Lillies“ билети по 500 ден.

*За претставата „Злосторството на 21 век“, која се игра во Велешкиот театар, цената на билетите ќе биде 200 ден. со организиран автобуски превоз од Скопје.

Билетарницата во МКЦ ќе работи секој ден од 13:00 до 20:00 часот.

За оние што немаат потреба од организиран автобуски превоз, цената на билетите е 100 ден., само на касата на Велешкиот театар или со резервации на teatardzinot@yahoo.com или на 043231750.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на РСМ и Градот Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...