Словенија со највисока, Македонија со најниска просечна плата во регионот

Највисоко зголемување на просечната нето плата е забележано во Хрватска. Таму платата се зголемила за 71,4 евро,

443

Македонија има најниска просечна плата во регионот на поранешна Југославија, додека Словенија е на врвот на листата, јавува Анадолија.

Словенија со реализирана просечна плата од 1.056 евра за мај 2018. е земја во регионот, во која има највисоки примања и тоа е единствената плата во регионот, која изнесува над илјада евра.

Просечната плата во Хрватска за мај достигнала ниво од 867 евра, во Црна Гора, според податоците за јуни, изнесувала 511 евра, Во Босна и Херцеговина во мај  изнесувала 448 евра, а во Србија 426 евра.

Најмала просечната плата имала Македонија која во мај изнесувала 399 евра.

Највисоко зголемување на просечната нето плата е забележано во Хрватска. Таму платата се зголемила за 71,4 евро, во Србија споредена со  истиот период лани платата пораснала за 29,7 евра, додека во Словенија растот на просечната плата изнесува 21,3 евра.

Просечната плата во Македонија во однос на минатата година пораснала за 17,4 евра, а во Босна и Херцеговина растот на просечната плата изнесувал 12,5 евра.

Во Црна Гора просечната нето заработувачка во јуни 2018 година во однос на истиот месец претходната година забележал раст од 0,2 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...