Словенија се подготвува за справувањето се евентуален нов мигрантски бран.
Веста за повторното отворање на турската граница за мигрантите и бегалците и притисокот врз Грција е повод за поголема будност на властите во Љубљана. Министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар изјави дека Владата веќе има изработен детален план за заштита на државните граници.
– Словенечката полиција е подготвена за нов мигрантски бран, кој евентуално би дошол по западно-балканската бегалска рута. Подготвеноста е утврдена со планот и Словенија е подготвена да се справи со евентуалните предизвици – изјави Поклукар.
Од словенечката полиција информираат дека моментално ситуацијата на јужната граница е редовна и нема зголемен број обиди за нелегални преминувања. Дополнително, како што велат од Министерството, полицијата сега е подобро подготвена и опремена во споредба со 2015 години кога беше првиот голем мигрантски бран.