Словенија: Пронајдени 73 мигранти и вратени во Хрватска

45
Foto: MVR

Словенечката полиција пронајде во близина на Подлевник, на североисток во државата, 73 мигранти кои пребегале од Хрватска.

Во групата се 62 Пакистанци, четворица од Бангладеши, тројца Авганистанци, тројца Сомалијци и еден Индус. Сите, освен 12 малолетни лица и двајца повредени возрасни, се вратени во Хрватска.

Полицијата исто така уапси тројца возачи во текот на ноќта, двајца Срби и еден од Казахстан, кои шверцувале шест мигранти

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...