Словенија: Приклучок на Интернет станува универзално право

Секое село во Словенија ќе добие право на приклучок на широкопојасен интернет со минимална брзина на пренос на податоци од 10 мега бити (Mbit) по секунда.

66

Секое село во Словенија ќе добие право на приклучок на широкопојасен интернет со минимална брзина на пренос на податоци од 10 мега бити (Mbit) по секунда, а правото ќе почне да се остварува од крајот на јуни, соопшти словенечката државна Агенција за телекомуникациски услуги.

Правото на приклучок на широкопојасен интернет првпат ќе биде вброено на листата „универзални“ комуникациски услуги, кои мораат да бидат достапни на сите корисници.

Со тоа, правото на широкопојасен интернет ќе влезе во пакетот права на основни комуникациски услуги, како што се право на приклучок на фиксна телефонска мрежа или право на телефонска говорница во секоја населба.

Се проценува дека во Словенија има околу 4.600 домаќинства кои на комерцијална основа не можат да добијат пристап до широкопојасен интернет.

Словенија ќе стане шестата држава во Европа која правото на широкопојасен интернет го вбројува меѓу универзалните права.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...