Во балканскиот регион, на екс-ју просторите, се наоѓа најчистата земја на светот, со индекс од 96/100 кога се работи за одржливост, екологија и природни резерви.
Обединетите нации, 2017-та година ја прогласиле за „Меѓународна година за одржување на развојот на туризмот“. Земјата која добила најмногу поени во сите категории, а со тоа добила и титула како победник е Словенија.
Како критериуми за рангирање биле земени грижата за околината, стратегијата за справување со климатски промени, биодиверзитет, еколошка свесност, така што титулата е сосема очекувана, бидејќи во 2016 Љубљана беше најзелен град во Европа.
Словенците можат да се пофалат со селектирање на отпадот и негово рециклирање, но и мотивацијата за користење велосипеди и јавен превоз. Исто така, Словенија во најголем дел веќе е гасифицирана и се користи природен гас, а со тоа се намалува загадувањето.