Словенија и Хрватска најмалку влијателни во ЕУ, покажало ново истражување

79

Според истражувањето на Европскиот совет за надворешни работи, со седиште во Лондон и фондацијата „Штифунг Меркатор“ со седиште во Есен, највлијателни држави во ЕУ се Германија, Франција, Велика Британија и Холандија, додека Словенија и Хрватска се најмалку влијателни.

Словенија и Хрватска се на 25 место кога е во прашање нивното општо влијание во ЕУ, каде местото го делат со Бугарија и Малта, но кога станува збор за тоа кои земји имаат влијание врз политиката на Унијата, балканските држави, исто така, се на 25 место заедно со Летонија и Малта.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека Германија е најдобар партнер во донесување на политички одлуки, а потоа следат Франција и Италија.

Европскиот совет за надворешни работи го подготви извештајот врз основа на прашања поставени на 877 експерити од медиумите, владите и институциите од сите земји-членки на Унијата, „активни во политиката на ЕУ“.

Иако Словенија е меѓу државите кои имаат најмало влијание во ЕУ, таа добро се пласира кога станува збор за заложбите за поголема интеграција во ЕУ, каде е на 14 место. Исто така, Словенија е најактивна во заедничката политика за азил, единствената фискална политика, единствениот пазар и единствено набљудување на евро зоната.

Истражувањето покажа дека Унгарија е земја која „најмногу разочарува“, додека Словенија е на 16 место, како една од земјите кои најмалку разочарале во изминатите две години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...